вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 79
home Скопје

Со што ќе се пофали „амбициозниот“ Шилегов освен со новогодишниот аздис: Десетици проекти од неговиот претходник чекаат дореализација

Освен пресови, најави и ветувања за нешто што треба да биде во иднина, скопјани не видоа ништо од градската власт. Шилегов дефинитивно ќе биде запаметен. Нема збор. Но по Дино Мерлин и предновогодишниот аздис во кој потроши 285 илјади евра за украсување.
Со што ќе се пофали „амбициозниот“ Шилегов освен со новогодишниот аздис: Десетици проекти од неговиот претходник чекаат дореализација

Со ветување на се` и сешто влезе многу амбициозно во предизборниот период- големи инфраструктурни проекти, зазеленување на главниот град, стопирање на урбаниот хаос, нови булевари, патеки за велосипеди, гасификација, со еден збор решавање на проблемите на скопјани, но што од ветеното исполни Петре Шилегов за повеќе од 2 години мандат? Со кој проект би се пофалил градскиот татко пред граѓаните?

Освен пресови, најави и ветувања за нешто што треба да биде во иднина, скопјани не видоа ништо од градската власт.

Шилегов дефинитивно ќе биде запаметен по предновогодишниот аздис во кој потроши 285 илјади евра за украсување.

Исто така, скопјани нема да го заборават ниту Шилеговото одбивање на предлогот- средствата за ангажирањето на Дино Мерлин за новогодишната ноќ, да се пренаменат и истите да се донираат за хумани цели.  Ниту пак даде одговор на прашањето дали компанијата која го плати Мерлин има бизнис интерес од соработката со Градот?

Реалноста, која ја гледаат скопјани, е дека проектите кои Шилегов до сега ги има завршено, се почнати од неговиот претходник Коце Трајановски.

Но, има и такви кои се наследени со изготвени студии, но воопшто не се отпочнати со дореализација.

Трајановски го потсети Шилегов за оставените во наследство проекти, кои за жал се недовршени.

Дел од готовите проекти, кои чекаат дореализација, се Јужен булевар, булеварот „Борис Трајковски“, „Есенинова“, булеварот „Александар Македонски“, „Христијан Тодоровски Карпош“- трет дел, „Босна и Херцеговина“…

Оставен е 90 проценти готов проект за Јужниот булевар, кој предвидува влегување од подземната сообраќајница кај Турбо кружниот тек и излегување кај рампата во Кисела Вода, а по овој проект предвидени се и три кружни текови. Со ваквото решение би се овозможило поголем и побрз проток меѓу исток и запад на Скопје, како и растеретување на сообраќајот во централното градско подрачје.

Оставен е и готов проект за булеварот „Борис Трајковски“ од наслеба Пинтија до Маркова река кај наслеба Драчево. Од ова решение бенефит би имале жителите на Драчево, Зелениково, Батинци и сите останати населени места од овој крај на градот.

Третиот проект е „Есенинова“ кој почнува од булеварот „Борис Трајковски“ кај Алфа банка, а завршува на „Трета Македонска Бригада“ кај Здравствениот дом, со кој би се направил уште едно поврзување меѓу општините Аеродром и Кисела Вода, а ќе се избегне сообраќајната гужва кај Тутунски комбинат.

Следен проект е фекалната канализација по левиот и десниот брег на реката Вардар кои се почнати со градба и според договорот предвидено е двата колектори да завршат во првата половина на 2020 година. Со ова целосно би се решила фекалната канализација на левиот и десниот брег на Вардар.

Оставен е и проект за булеварот „Александар Македонски“ од Агросервис до АСУЦ во населбата Автокоманда со кој е предвидено да се направи уште една трета лента на овој потег од булаварот. Со ова би се надминале утринските сообраќајни гужви на влезот во влезот во Скопје.

Готов проект и за булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“- трет дел, во општина Бутел од улицата „Натанаил Кучевишки“ до обиколницата на Скопје, кој е започнат да се гради, како и сообраќајна студија, инфраструктурен проект и основен градежен проект за улицата „Боца Иванова“ од кружниот тек кај оваа улица па се до „Христијан Тодоровски Карпош“.

Готов проект има и за булеварот „Босна и Херцеговина“ од булеварот „Словенија“ до „Христијан Тодоровски Карпош“, чија градба е почната.

Оставен е и сообраќаен и инфраструктурен проект и физибилити студија е со кои е предвиден кружен тек на булеварот „8 Септември“ кај Хубо маркет и клучка на раскрсницата помеѓу „8 Септември“ и булеварот „Никола Карев“ кај Момин поток.

-Скопје се сака со работа, а скопјани не можете да ги залажувате со шминка. Не ги казнувајте скопјани само заради тоа што јас сум започнал некој проект. Тие проекти не се ниту мои ниту ваши, туку се на сите жители на Скопје, порача претходникот на Шилегов, Трајановски, кој ги посочи проектите кои ги оставил за Скопје.