недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 57
home Скопје

Сметката на општина Центар блокирана поради неодговорноста на СДСМ

Сметката на општина Центар блокирана поради неодговорноста на СДСМ

Една од најбогатите општини во државата, општина Центар е со блокирана сметка. Повеќе од една недела оваа општина мака мачи со реалзирањето на тековите обврски. Сумата која се спомнува во јавноста изнесува 1.3 милиони евра, а побарувањата доаѓаат од градежната компанија “Пелагонија АД Гостивар“.

Имено, во времето на владеењето на градоначалникот Тодоровиќ беше земен кредит за изградба на катна гаража спроти Цветниот пазар кај последна 23-ка . Но веднаш по превземањето на власта од СДСМ, градоначалникот Жерновски се откажа од изградбата на оваа катна гаража и реши парите да ги пренамени во изградба на училиште и на други објекти.

За таа цел преку тендер беше избрана компанијата “Пелагонија АД Гостивар“ за изведување на проектите. Не се знае што точно има направено Жерновски кој сега ја има функцијата заменик министер за надворешни работи но од она што се знае е дека Пелагонија си ја има извршено работата за која била ангажирана. Бидејќи нивните побарувања не се исплатени тие решаваат да ја дадат на суд општина Центар и да си ги наплатат побарувањата каде преку извршител сметката е блокирана.

Од она што успеавме да го дознаеме од дел од вработените во општината е дека во овој момент се е стопирано освен платите на редовно вработените додека не се подмири долгот спрема “Пелагонија АД“. Како пример вработените посочија дека законскиот паушал на совенитиците не е исплатен а исто така не се исплатени ни оние вработени кои се пријавени на договори за привремено вработувње.

Што има направено претходниот градоначалник и како успеал да ја заглави општина Центар на ваков начин не се знае, но недозволиво е една од најбогатите општини на ниво на Македонија да се доведе до ваква ситуација.

Ова е реален доказ на едно недомаќинско и непланско работење кое оди на штета на жителите на општина Цента, но и на нормалното функционирање на самата општина.

Оттука се поставува и прашањето дали некој ќе понесе одговорност поради оваа ситуација.

 

Коронавирус