вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Слониците Дуња и Даела ќе бидат во карантин пред да се сретнат со посетителите во Зоо Скопје

Слониците Дуња и Даела ќе бидат во карантин пред да се сретнат со посетителите во Зоо Скопје

Се` е подготвено за дочек на новите слоници во скопската Зоолошка градинка.

Од Зоолошката градина известуваат дека слониците неколку дена ќе престојуваат во карантин во нивното живеалиште, пред да се сретнат со посетителите.

Таму тие ќе бидат под постојан надзор на нивните негуватели кои ќе спијат со нив, со цел слониците да се навикнат на новото живеалиште. Овие критериуми се поставени од ЕАЗА (Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми).

Официјално посетителите ќе можат да се запознаат со слониците во сабота.

Инаку, ззиската слоница Дуња, е најголемата од нејзиниот вид во Европа и заедно со африканската слоница Даела доаѓаат во Македонија од Белгија.

Прва слоница жителка на Скопје Зоо, била слоницата Цица која во Скопје живеела од 1963- 1970 год.

Втората слоница која живеела во скопската Зоолошка е Анка, која починала во длабока старост во 1992 година.

Коронавирус