недела, 21. јули 2019. Вести денес: 0
home Скопје

Скопскиот цветен фестивал и годинава во Градскиот парк

Скопскиот цветен фестивал и годинава во Градскиот парк

Скопскиот цветен фестивал го слави цвеќето, зеленилото, природата и другарувањето на отворено.

„Скопје цвета“ е мотото на овогодинешниот фестивал, кој ќе се одржи под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП Паркови и зеленило – Скопје.

Почетокот на фестивалот ќе се означи со Цветно дефиле, кое ќе започне пред Собрание на Град Скопје (паркинг просторот) во Градскиот парк со учество на деца од детските градинки и основните училишта.

На Шестиот Скопски цветен фестивал ќе учествуваат фирми – изложувачи, познати цвеќарници и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, чиј домен е екологијата и животната средина.

Оваа градска манифестација е дружба помеѓу сите љубители на цвеќето и природата, професионалци во таа област, уметници, танцувачи, деца и ученици кои ќе имаат можност да ја изразат својата креативност, да другаруваат и да поминат еден незаборавен викенд на отворено.