сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Скопје

Скопскиот Аква парк ја почнува летната сезона во сабота

Скопскиот Аква парк ја почнува летната сезона во сабота

Вип Аква паркот кој работи во рамките на СЦ „Борис Трајковски“ ја започнува новата, шеста сезона, во сабота на 9 јуни.

Од СЦ „Борис Трајковски“ најавуваат дека летната авантура продолжува и оваа година на бумерангот, мрзливата река, базенот со бранови, спејс болот… каде ќе можат да уживаат малите, но и големите. Годинава во Аква паркот има нова и модерна опрема, нов ентериер, тераса со удобни лежалки и за прв со три бара за пијалоци.

Задолжени за добра забава на отварањето ќе бидат диџеите на Сити Радио Диџеј Дела и Диџеј Боби заедно со Диџеј Ампов.

 

Коронавирус