вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 101
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани

home Скопје

Скопје: За само еден ден санкционирани 141 возачи

Скопје: За само еден ден санкционирани 141 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 14 за возење без возачка дозвола, седум за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, пет за некористење сигурносен појас, 12 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 43 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Коронавирус