недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 0
home Скопје

СКОПЈЕ: За 24 часа се хоспитализирани 13 пациенти

СКОПЈЕ: За 24 часа се хоспитализирани 13 пациенти
МИА

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 13 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 319 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 1 прием. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 примени пациенти и 4 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти. Во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 95 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 95 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 5 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 5 болни.

Вкупно 319 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 380 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

ЕУРО 2020

Македонија