вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 14
home Скопје

Скопје вечерва меѓу 10 најзагадени градови во светот

Скопје вечерва меѓу 10 најзагадени градови во светот

Владата само ги замачкува очите на скопјани. Скопјани повторно се гушат во загадениот воздух, а главниот град и денес се најде помеѓу 10 најзагадени градови во светот. Привремените мерки кои денес ги спроведоа владата на СДСМ и Петре Шилегов не донесоа никаков ефект.

Нивото на загаденост и во текот на денешниот ден е алармантно. Мерните станици на квалитет на воздухот на повеќе локации низ градот измерија огромно загадување неколку пати над дозволениот максимум.

Шилегов и СДСМ пред изборите ветуваа брзо решавање на проблемот со загаденоста, ги излажаа граѓаните дека имаат решение и дека ќе спроведат итни мерки, за трајно решавање на проблемот. Но веќе 4 месеци  жителите на Скопје се гушат во загадениот воздух, а популистичките привремени мерки кои ги носи владата не носат никаков резултат.

Владата и Шилегов не превземаат ништо да го решат овој проблем. Се повеќе од јасно станува дека немаат идеја и план како да го решат проблемот со загаденоста на воздухот.

Коронавирус