среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 79
home Скопје

Скопје ќе се украсува на 10 декември: Една компанија најави дека ќе кити бесплатно

Скопје ќе се украсува на 10 декември: Една компанија најави дека ќе кити бесплатно

На 10 декември започнува да се украсува градот Скопје за Нова година. На повикот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, до компаниите да покажат општествена одговорност за време на здравствено-економска и енергетска криза, се јавија компании заинтересирани да помогнат.

– Ова е време кога треба да се менуваат работите, кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а една од нив најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова Година без финансиски импликации по градот, изјави градоначалничката Арсовска по средбата со компанијата Линк Медиа.

Компанијата најави дека со украсување ќе започне на 10 декември. Град Скопје и Линк Медиа спогодбено го раскинаа договорот за новогодишно украсување на Скопје, што беше склучен во месец октомври оваа година.

Коронавирус