вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 135
home Скопје

Скопје и Шилегов признаа вина: Нема градежна дозвола за мостот

Скопје и Шилегов признаа вина: Нема градежна дозвола за мостот

Петре Шилегов и Градот Скопје признаа дека нема дозвола за градба за проширувањето на булеварот АСНОМ, како ни за изградба на мостот на реката Вардар. Според тоа што го пишува во демантот од кабинетот на Петре Шилегов по поднесената кривична пријава за него заради започната градба без одобрение, стои дека тоа што има градежна механизација, ограден простор, што се копа, всушност сега соработниците на Шилегов го нарекуваат „Подготвителна фаза“.

А Шилегов самиот, во изјава за медиумите посочува дека станува збор за започната градба од првата фаза.

-Градот ја заврши постапката и започнато е градбата на првата фаза,  вели самиот Шилегов за медиумите.

Истата информација ја објави и град Скопје на својот портал.

Сега соочени со кривичната пријава изјавите се менуваат, па наместо започната првата фаза, велат започнале „подготвителни работи“ од првата фаза.

„Градот Скопје деновиве започна со подготвителните работи од првата фаза од овој капитален проект, за кои беа поминати сите потребни законски постапки. Активностите се извршуваат согласно Програмата за работа и Планот за јавни набавки и според нив булеварот АСНОМ е започнат навреме според сите правила“ се вели во демантот.

Прашање е кога била искажана лага и дали таа лага била намерна? Дали Шилегов згрешил во изјавата, за што можело да се поправи во информацијата на порталот и во медиумите, или пак се лаже сега, кога кабинетот на Шилегов се обидува да го спаси својот шеф?

Но сето тоа не ја намалува најголемата тежина на кривичната пријава, а тоа е градежни работи започнати без градежна дозвола. Нејзиното непостоење го потврдува и демантот од Град Скопје.

„Од аспект на дозвола за градба, деновиве започнаа само подготвителни работи за овој проект, а соодветна градежна дозвола Градот Скопје сам ќе издаде во моментот кога ќе дојде времето за конкретни градежни активности“.

И повторно, каква е таа подготвителна работа, оградување на терен, градежна машинерија на терен, медиумски настапи, цела кампања за отпочнување на градежни работи, а се нема градежна дозвола?

„Градот ја заврши постапката“ вели тој.

-Градот Скопје ги заврши сите постапки и очекувам првата фаза од овој капитален проект да биде готова до крајот на оваа година- се пренесува изјавата на градоначалникот на официјалниот портал на Градот.

Како и да е, кривичната е поднесена во Јавното обвинителство и за немањето на градежна дозвола односно бесправно градење, и за злоупотреба на службената положба и овластување, за поткуп при избори, заради целата помпа со градбата среде изборна кампања.

Тоа што дополнително може да му се забележи на Градот, а е дел од постапката, е што градот дава многу лош пример. Започнува градба без да истакне табла на која стојат информациите за тоа што и кој гради, како и бројот на градежната дозвола; нешто за што градот строго ги казнува сите оние кои вршат градежни работи.

 

Коронавирус