петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 118
home Скопје

Скопје домаќин на меѓународен турнир во уметничко лизгање

Скопје домаќин на меѓународен турнир во уметничко лизгање

На лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“, претстојниот викенд ќе се одржи четвртиот Меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“.

Пријавени се околу сто натпреварувачи, од кои седумдесетина доаѓаат од странство. Во склоп на овој натпревар по четврти пат ќе бидат прогласени националните прваци во уметничко лизгање.

Натпреварот ќе се реализира во вкупно седум категории, и тоа три категории во рамките на националниот натпревар (сениори, јуниори и младинци) и седум категории во меѓународниот натпревар (дополнителни категории: кадети А, кадети Б, кадети Ц и интерпретации).

Настанот започнува в петок во 17:30 часот, кога ќе се одржат службените тренинзи, извлекувањето на редните броеви за настап и натпреварите во интерпретации. Во сабота пак, натпреварувачкиот дел ќе трае од 8:00 до 18:00 часот, по што ќе следува доделувањето медали и дипломи.

Влезот за сите посетители на двата натпреварувачки дена е слободен.

Коронавирус