недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 56
home Скопје

Скопје добива нов тематски забавен парк „The world“- еве како ќе изгледа (ФОТО)

Скопје добива нов тематски забавен парк „The world“- еве како ќе изгледа (ФОТО)

„The world“ е името на новиот тематски забавен парк, што ќе биде изграден на местото на стариот Луна Парк, а според проценките ќе биде пуштен во употреба до средината на следната година.

Денеска во Град Скопје беа презентирани содржините на тематскиот парк од страна на градоначалникот Петре Шилегов и од проектантот и архитект, Франко Бараѕони, претставник на италијанската компанија на Баусаа, коишто ги изработија и се донатори на студијата и планот за изградба.

Новиот забавен парк ќе опфаќа најсовремени реквизити кои ќе им нудат забава на сите посетители без оглед на нивната возраст.

Проектирано е во паркот да има 3 зони- детска, фамилијарна и адреналинска зона, во кои ќе се постават 24 различни реквизити и содржини.

Самиот парк ќе се протега на истата површина како и досега, а сите реквизити во паркот ќе се поставуваат, односно лоцираат, според постојните дрвја на парцелата.

Забавниот парк ќе се простира на околу 26.000 квадратни метри.

Цената на билетите се уште не е позната, но како што беше најавено ќе биде достапна за сите.

 

Коронавирус