вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 1
home Скопје

Скопје: 300 казнети возачи, 57 за брзо возење

Скопје: 300 казнети возачи, 57 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 300 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 56 мерки за возење без возачка дозвола, 23 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 19 мерки за користење мобилен телефон, осум за некористење сигурносен појас, пет за возење под дејство на алкохол, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло).

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

Коронавирус