вторник, 2. март 2021. Вести денес: 66
home Скопје

Скопјани со Шилегов наместо Ајро Ајро добија промена на имиња на улици, чист воздух според него не е приоритет

Скопјани со Шилегов наместо Ајро Ајро добија промена на имиња на улици, чист воздух според него не е приоритет

Шилегов како градоначалник на Град Скопје за овие четири години има подолга листа на нерелизирани ветувања кои се однесуваат на заштитата на животната средина. Скопје со градоначалникот Петре Шилегов важи за еден од најзагадените градови во Европа и пошироко, и овие резултати се далеку под очекувањата на граѓаните.

Граѓаните на Скопје не видоа ништо од реализација на предизборните ветувања наброени во Изборната програма на градоначaлникот на Скопје, Петре Шилегов, како и од обврските кои се нафати да ги реализира, потпишувајќи се на листата на 39 барања која му ги приложи О2 Коалицијaта, составена од повеќе граѓански иницијативи со еколошки предзнак за време на локалните избори во 2017 година.

Од вкупно 39 ветени мерки, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов единствено го исполнил тоа што ја укинал мерката на неговиот претходник Коце Трајановски за прскање на скопските улици со калциум магнезиум ацетат.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на предизборен митинг во Скопје на 8 октомври 2017 година, рече дека здравјето на граѓаните и потребата од чист воздух, се нивна „света должност“ и нивна обврска.

„Решавањето на проблемот со загадувањето во Скопје предвидуваме да заврши во текот на мандатот, со системски решенија“, вети, меѓу другото, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во предизборната кампања за локалните избори 2017 година. Но сепак ова ветување градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов го овтави на страна бидејќи се зафати со реализација на менување на имиња на улици, според него оваа мерка е повеќе потребна на граѓаните отколку чист воздух.

Податоците од државните мерни станици во Скопје за изминатиот месец покажуваат дека скопјани дишеле најмалку загаден воздух во споредба со истиот месец во последните седум години, посочуваат од Град Скопје, додавајќи дека анализата на концентрациите на ПМ10 честички во Скопје во јануари (од 2015 до 2021) покажува на охрабрувачки трендови по сите статистички показатели.

Овој податок градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов го искористи да се пофали дека го намалил загадувањето на воздухот, но сепак ПР-от не му помина. Очигледно е дека освен ветрот, на намалувањето на емисиите на штетни гасови, влијаеше и пандемијата. Имено интензитетот во сообраќајот беше намален, многу луѓе работеа од дома или беа во изолација, имаше и карантин што ја намали фреквенцијата а со самото тоа и загадувањето.

За екологистите, централната и локалните власти не преземаат доволно мерки за чист воздух. Тие апелираат решенијата што ќе се преземат да бидат системски и континуирани, со постојани контроли и казни за загадувачите, наместо да се чекаат добри временски услови да го растераат загадениот воздух.

„И додека скопјани се гушат Петре Шилегов не прави ништо да го промени тоа. Нема инвестиции во насока на подобрување на квалитетот на воздухот, нема инвестиции за намалување на загадувањето. Поминаа неколку години откако Шилегов стоеше до Заев додека тој викаше Ајро Ајро и ветуваше чист воздух веднаш, но еве и по неколку години ништо не е сменето, напротив загаденоста на воздухот е поголема од кога и да било претходно. Со Шилегов не добивме чист воздух, со Шилегов добивме загаден воздух, и многу фрлени пари на тендери и сомнителни набавки, а ниту едно дени за подобрување на квалитетот на воздухот. Скопје памети и не заборава. Следува казна за труењето“, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавност од пред неколку недели.

Коронавирус