вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Скопјани повторно се гушеа и вчера – најзагадени Центар и Карпош

Скопјани повторно се гушеа и вчера – најзагадени Центар и Карпош

Скопјани повторно се гушеа и вчера вечер.

Мерните станици и вчера вечер покажуваа високо ниво на ПМ10 честички во воздухот. Според мерењата и резултатите објавени на страната на Министерството за животна средина и просторно планирање, во Центар концентрацијата во воздухот со ПМ10 честички изнесува 119 микрограми.

Воздухот е загаден и во Миладиновци и Бутел, каде што се измерени 118 и 114 микограми.

На листата на табелата први, со највисоки концентрации на ПМ10 честичките во воздухот вечерва се Карпош и Ректорат, каде што се измерени 142 микограми и 156 микограми на метар кубен.

Воздухот вчера не беше загаден само во главниот град во земјава.

И мерната станица во Тетово вечерва мери висока концентрација на ПМ10 честички во воздухот, односно измерени се 108 микрограми на метар кубен. Понатаму во Гостивар имаме 127 микрограми, во Струмица 121, Кочани 72, Кавадарци 115, Куманово 147 микрограми и Битола 159 микрограми.

Локални избори 2021