среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 74
home Скопје

Скопјани незадоволни- градот никогаш не бил повалкан

Скопјани незадоволни- градот никогаш не бил повалкан

Ѓубре и депонии секојдневно никнуваат во македонската метропола , а граѓаните се гушат во нечисто. Револтирани и разочарани, велат градот никогаш не бил вака не чист, а корпите за отпадоци во општините се реткост.

Додека скопјани мака мачат со нечистотијата, таткото на градот преку манифестација ќе ја покревал еколошката свест кај најмладите. Едукацијата ја почна откако стигна на велосипед.

И додека Скопје е преплавено со смет, Комунална Хигиена ангажира нови кадри – за годинава се предвидени 300 вработувања, а и минатата година во неколку наврати беа распишувани огласи.

Петре Шилегов и по повеќе од една година на власт за состојбата ги обвинува претходниците. Големиот број предизборни ветувања, за кои нема предвидено рок за реализација, за чиста, зелена, функционална и „паметна“ метропола, засега остануваат само на хартија.

Коронавирус