понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Скопје

СИТУАЦИЈАТА НЕПРОМЕНЕТА – бројката на хоспитализирани пациенти од коронавирус во Скопје голема!

СИТУАЦИЈАТА НЕПРОМЕНЕТА – бројката на хоспитализирани пациенти од коронавирус во Скопје голема!

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 64 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 703 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 31 прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 примени пациенти и 8 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 5 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 71 оздравен пациент.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 141 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 49 болни.

Вкупно 703 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Коронавирус