петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Скопје

Силниот ветер откорна дрвја на кејот на Вардар (ФОТО)

Силниот ветер откорна дрвја на кејот на Вардар (ФОТО)

Силниот ветер кој дуваше синоќа коренше дрвја на Кејот на реката Вардар.

Најмногу дожд до осум часот изутрина наврнал во Демир Капија каде се измерени 59 литри на метар квадратен како и во Скопје-Петровец – 54 литри и во Охрид 50 По нив, според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи во изминатите 24 часа, следат Пожаране со 41,Прилеп со 37, Битола и Штип со 33, Ѓуриште со 29, Тополчани и Крушево со 27, Крива Паланка со 26. Во Тетово и Претор наврнале по 25 литри воден талог на метар квадратен, 24 во Куманово, 22 Дебар, 15 Дојран, 11 Виница, 10 Гевгелија, девет во Струмица и четири во Берово.

УХМР за денеска најавува претежно облачно време со чести врнежи од дожд. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот, како и во текот на ноќта повторно се очекува да наврне поголема количина на воден талог, на места над 35 литри на метар квадратен. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Повремено врнежите ќе бидат пообилни. Максималната температура ќе достигне 25 степени.

Повеќе фотографии погледнете на РЕПУБЛИКА

Коронавирус