среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 110
home Скопје

Сиљановска Давкова: Непристојната и неџентлменска црна кампања која деновиве се прави врз кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска

Сиљановска Давкова: Непристојната и неџентлменска црна кампања која деновиве се прави врз кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска

Срамота е да не сме имале до сега жена градоначалник на Скопје, жена претседател на Собрание, претседателка на државата, меѓутоа, јас сосема го разбирам градоначалникот на Скопје зошто е нервозен, особено неговиот ментор зошти колку повеќе викаат – толку повеќе се безгласни, никој не ги слуша. Не ги слушате оние на кои не им верувате, започна проф. д-р Гордана Сиљановска – Давкова на своето обраќање пред центарци на вечерашниот митинг.

Давкова рече дека непристојната и неџентлменска црна кампања која деновиве се прави врз кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, само јасно зборува дека се плашат од една жена која во светот на бизнисот, светот на стопанските комори таа е прва и токму тоа не можат да го поднесат.

-Неверојатно важно е да дојде до промена на 17-ти октомври. Урбаниот воздух е најважниот воздух, тоа е демократскиот воздух и демократизацијата на секој политички систем почнува од долу, од општината. Затоа мислам дека е најважно чекорите да почнат на локално ниво, затоа мислам дека најголемиот чекор е тој на 17-ти кој во градот кој ја персонифицира државата, градот којшто е центарот на Македонија и центарот на градот кој што е центарот на образованието, културата, уметноста, ако се најде во вистински раце, а овие женски раце на Данела и Котлар се вистински раце, ете таквите можат да направат вистински промени, рече Сиљановска – Давкова.

Давкова рече дека е убедена дека со овие две жени и двајцата џентлмени, носителите на советничките листи за Центар и Град Скопје, конечно ќе се воспостави соработка помеѓу Комисијата за локална самоуправа и конечно ќе има притисок врз Министерството за локална самоуправа кое мора да биде моторот на промените.
Никогаш не сум мислела дека оваа револуционерна организација во 21-от век ќе добие толкава тежина. Не говорам за пушки и пиштоли, говорам за револуција на умот, револуција во знаењето, говорам за револуција во управувањето, менаџирањето на Скопје и Центар. Затоа редно е ние центарците, ние скопјаните навистина да добиеме пристојно место за живеење, заврши Давкова.

Локални избори 2021