вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 181
home Скопје

Шилегов за три години успеа само да постави само заштитна ограда кај мостот „Панорамско тркало“

Шилегов за три години успеа само да постави само заштитна ограда кај мостот „Панорамско тркало“

Иако за годинава се планирани локални избори, сегашните градоначалници во последните месеци од нивниот мандат почнаа да се активираат и да прикажат пред граѓаните дека сработиле нешто во нивниот мандат. Кога станува збор за ваков случај не може, а да не се спомне градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов. На граѓаните на Скопје повеќе од јасно им е дека Шилегов не направи ништо ниту за главниот градот, ниту за скопјани.

Без никаков сам Шилегов вчера на својот ФБ профил се „пофали“ дека на крајот од својот мандат започнал со расчистување и подготовка за отварање на кејот односно поставување на ограда кај мостот на „Панорамското тркало“.

-Започнуваме со расчистување и подготовка за конечно отварање на кејот, после повеќегодишната непроодност заради изградба на мостот на “Панорамското тркало”.
Мостот е готов, тркало ќе нема, кејот конечно прооден!, стои во ФБ статусот на Шилегов.

На оваа објава реагираше и Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје каде побараа од Шилегов да ја избрише оваа објава бидејќи пари за градба и сите други неопходни средства беа оставени од претходниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.

-Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов го повикуваме да ја избриши и оваа нова негова ФБ објава каде се фали со градба на мостот кај стариот театар веднаш до Камениот Мост, потенцирајќи дека изградил нова ограда. Пари за градба на мостот и сите други неопходни работи беа оставени од страна на неговиот претходник.Шилегов шајка нема заковано за мостот кој се фали. Единствено што направи Шилегов за цели 3 години е да постави заштитна ограда. Ако на Шилегов му требаа 3 години за ограда на мостот кај стариот театар, колку децении ќе му треба за нов мост?, стои во реакцијата на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.

По сето ова повеќе од јасно е дека Шилегов е најнеспосниот градоналачник кој Скопје некогаш го имало.

Коронавирус