петок, 30. септември 2022. Вести денес: 150
home Скопје

Шилегов: Во скоро време нема да се градат нови улици во Скопје

Шилегов: Во скоро време нема да се градат нови улици во Скопје

Низ Град Скопје не се градат улици. Ова не се должи на фактот што е зимски период и градежните активности се одвиваат со намалено темпо, туку, како што коментираат градските власти, прво нема пари во градската каса, а второ, речиси ниту еден проект за реконструкција или изведба на улица не е со комплетна документација, пишува дневниот весник Вечер.

– Кога зборуваме за сообраќајните проблеми, морам покрај оној со недостаток на планска документација, да посочам и на проблемот со документационо нерегулираните изведбени решенија на тековните проекти, како и на проблемите што произлегуваат со експроприрањето на имотите, што се на трасата на изведба на сообраќајни решенија од Генералниот урбанистички план, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

– Градската каса е празна, Но и да има пари, не може да се градат сообраќајници бидејќи нема изработено проектни докумантации – вели Шилегов.

Град Скопје има распишани тендер за избор на проектантска фирма за изработка на проекти за главните сообраќајници. Шилегов вели дека по изборот на фирмата ќе бидат потребни најмалку 4 месеци да се направат проектите.

Коронавирус