петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 20
home Скопје

Шилегов: Во мое време не се котат кучињата скитници

Шилегов изјави дека заловиштето „Вардариште“ било минато и не планира позначајна ревитализација, туку дека ќе се обезбедело нов пристап во решавањето  на проблемот.
Шилегов: Во мое време не се котат кучињата скитници

На седницата за советнички прашања, советничката од ВМРО-ДПМНЕ Светлана Колариќ го праша градоначалникот Шилегов зошто не се превзема ништо конкретно за решавање на проблемот со кучињата скитници во градот.

Таа праша и дали ќе профункционира „Вардариште“.

Шилегов изјави дека заловиштето „Вардариште“ било минато и не планира позначајна ревитализација, туку дека ќе се обезбедело нов пристап во решавањето  на проблемот.

Но, Шилегов истакна и дека проблемот не бил толку голем бидејќи кучињата и не се котеле до толку додека тој е градоначалник.

Тој не ја објасни причината и од каде му е ова сознание.

 

Коронавирус