недела, 31. мај 2020. Вести денес: 27
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Скопје

Шилегов ветуваше едно општество за сите, а сега направи Берлински ѕид

Шилегов ветуваше едно општество за сите, а сега направи Берлински ѕид

Наместо зеленило, улицата „Цветан Димов“ завлера во доцните часови беше поделена со бетонски барикади.

Градоначалникот на Град СКопје, Петре Шилегов пред да се дограби до гласовите на граѓаните ветуваше едно општество за сите. А сега, на граѓаните од овој дел на Скопје им изгради Берлински ѕид.

Вчера чаирчани цело време беа во друштво на полицијата. Полицајците ги отстрануваа паркираните автомобили на улица. На улицата „Цветан Димов“ или позната како „Чаирчанка“ беа поставени бетонски барикади за да се избегне гужвата на оваа улица. Дел од граѓаните се задоволни, а други пак бараат овие барикади да се заменат со зеленило, анализира ТВ21.

Ова се само дел од изјавите на граѓаните: 

„Можеа да направат нешто друго да биде подобро, ова што поставија како да сме во Палестина.“

„Мое мислење е дека не треба, можеби ги поставиле за добро, но мислам дека нема потреба да бидат поставени.“

„Многу гужва, можеби требаше друго решение да се најде, каде да паркираме ние. Треба да застанеш да купиш од аптека, нема каде. Нема паркинзи.“

Кога сме кај паркинзите, такво нешто беше ветено дека ќе се изгради кај комплексот Чаирчанка, но ветувањето не се исполни. Градоначалникот на општина Чаир вели дека барикадите се поставени привремено.

-Заедно со Град Скопје е проектот со кој ќе се прави проширување на улицата што е зад мене. Тоа е подоцната фаза. Град Скопје има план да има урбан сообраќај, друг начин на организација и така се подготвува целиот идеен проект кој ќе се реализира во иднина, вели Ганиу.

Ако отидете во обиколка на другите места низ главниот град, Чаир е единствено место каде има вакви бетонски барикади. Другите улици се поделени со зеленило, цвеќиња и трева, пренесе телевизијата.

Целиот прилог на ТВ21, погледнете го ТУКА

Коронавирус