понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 65
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Скопје

Шилегов вети зелен покрив на ГТЦ, но сега таму се гради

Шилегов вети зелен покрив на ГТЦ, но сега таму се гради

Градот Скопје за да стимулира реобновување на ГТЦ испланиравме и на површина од илјада и 800 метри квадратни метри градот со ГТЦ и УНДП да се инвестира во зелен кров. Ова што е на кровот личи на надградбата на ГТЦ, но тоа е еден вид помошен објект. Ова и не е толку голем објект, несреќно е избран аголот при фотографирање. Тоа е околу 5 проценти од целата површина од илјада и осумстотини метри квадратни, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на гостувањето на Канал 5 телевизија.

Според него е многу нормално на сите јавни површини да има и места и објекти кои ќе ги привлекуваат луѓето.

-Ова и беше дел од проектот. Замислете да е празно и да е само зелен простор. Ако ГТЦ сака да е кафуле си има процедура. На јавни поршини мора да има нешто што ќе ги привлече луѓето, рече Шилегов кој вели дека треба да се даде време за да се види што ќе се случи.