петок, 17. септември 2021. Вести денес: 105
home Скопје

Шилегов уште еднаш потврди дека ќе се плаќа паркинг за мотори, а и обвини дека лажеле тие кои велеле дека ќе се плаќало

Шилегов уште еднаш потврди дека ќе се плаќа паркинг за мотори, а и обвини дека лажеле тие кои велеле дека ќе се плаќало

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов вчера кажа дека ќе воведе нова давачка за граѓаните, а таа е плаќањето на паркинг за мотори. Висината на цената тој не ја соопшти но најави дека тоа ќе го направи многу брзо.

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Унијата на млади сили на опозициската партија, го праша градоначалникот Шилегов дали е точно дека ќе се воведе оваа нова давачка, односно дали граѓаните, а пред се младите, ќе мора да плаќаат паркинг за мотори, давачка која досега не постоеше.

На ова Шилегов одговори дека многу брзо ќе се воведе паркинг за мотори.

Оваа одлука на градоначалникот и градската власт предизвика големи и жестоки реакции во јавноста. Градоначалникот иако денеска уште еднаш во Фејсбук статус потврди дека ќе се плаќа паркингот за моторите, сепак обвини и дека станувало збор за безочно лажење кога било ова во прашање.

Тој во статусот пишува „Некогаш не можам да се изначудам на извитопереноста на дел од опозициските умови. Не знам зошто сакаат и имаат потреба да ги извртуваат работите и безочно да ЛАЖАТ, со цел најдобрите намери да ги прикажат со или во некаква црнина.“

Иако обвинува за лажење, градоначалникот на Скопје, сепак потврдува дека оваа давачка, односно плаќањето паркинг за мотори ќе се имплементира, но дека таа во првата година ќе биде бесплатна, а потоа ќе се плаќа.

-Градот Скопје, на ПОСТОЈНИТЕ пакинг зони, ќе означи места за паркирање на моторите. Даваме МОЖНОСТ луѓето кои ги користат овие превозни средства, да можат своите мотори безбедно да ги остават на паркинзите. Особено што голем дел од нашите граѓани, во пролетно/летниот период ги користат моторите да стасаат до своите работни места и мака мачат каде да ги остават за време подолгиот престој. Оваа услуга во првата година ќе се нуди БЕСПЛАТНО, напиша Шилегов на Фејсбук.

Тој во статусот повика опозиционерите да „олабават“, дополнувајќи дека оваа давачка која што досега ја немале граѓаните придонесува до тоа Скопје да стане европски град.

Коронавирус