среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Скопје

Шилегов со погрдни зборови и тешки навреди до своите вработени

Шилегов со погрдни зборови и тешки навреди до своите вработени

Според непотврдени информации до кои дојде нашата редакција, утринава градоначалникот Петре Шилегов упаднал на состанокот на Синдикатот на вработени во градската управа и со погрдни зборови се обратил на своите вработени.

Синдикалниот состанок бил затоа што вработените во градската управа биле револтирани што проблемот со паркинг просторот пред бараките на Град Скопје наместо да се реши, се продлабочува.

Имено, минатата недела по ургенција на Шилегов биле викнати служби од „Паркинзи Скопје“ за да стават канџи на возилата на вработените кои до тогаш бесплатно го користеле паркинг просторот.

Но, главниот шок бил поради дрското однесување на Шилегов кон своите вработени, високиот тон и погрдните зборови кои ги упатил на присутните.

Сведок раскажува дека тој се обратил со зборовите “Вие ли ќе ми правите штрајк, вие сте гом*а и ѓубре администрација”, рекол Шилегов.

Тој им кажал дека сите кои земаат плата и оние од 12.000 и оние со над 30.000 мора да плаќаат иста карта за паркирање, и дека е револтиран што тие не биле благодарни бидејќи, како што рекол, „ ако сакал можел и да ги избрка од работа“.

Вработените останале стаписани од односот на градскиот татко кој на сопствената администрација и се обраќа со така погордни зборови правејќи притисок само затоа што синдикално се организирале за да побараат решавање на проблемот со паркирање.

По добивање на овие информации, КУРИР побара објаснување од Град Скопје, но од таму само молк.

Телефонски стапивме во контакт со портпаролот на Шилегов, Ваљон Салиху, кој воопшто немаше информација дали Шилегов бил на состанокот. Ни рече дека ќе ја провери информацијата и дека ќе ни се јави со одговор, но тоа не се случи ниту два часа по повикот.

Коронавирус