среда, 19. јуни 2019. Вести денес: 119
home Скопје

Шилегов со нереално обештетување сака или да ги остави жителите на Ќерамидница на улица или намерно да го закочи проектот за иградба на новиот булевар

Шилегов со нереално обештетување сака или да ги остави жителите на Ќерамидница на улица или намерно да го закочи проектот за иградба на новиот булевар

Жителите на една од најстарите скопски населби Керамидница со реакција се обратија до нашата редакција и со молба да го споделиме нивниот проблем.

Истите соопштуваат дека веќе имаат покренато и петиција која е потпишана од најголем дел од засегнатите семејства чии куќи се опфатени со новиот булевар.

Како што велат, тие не се против овој проект и се свесни за потребата од решавање на сообраќајниот хаос во Скопје, но побрзата и подостапна комуникација која е потребна на жителите на Скопје.

Според нивните кажувања, но и според пристигнатите проценки на објектите (куќите кои ги правел Градот Скопје, тие реагираат дека се нереални и премногу ниски.

Законот е премногу јасен, при експропријација на имот се утврдува реална пазарна вредност.

Според проценките, куќи од по 50-60 м2 се проценети на околу 25.000 евра односно м2 се проценува на 400-500 евра и помалку.

Дополнителен проблем е и земјиштето кое корисниците си го имаат купено или пак било во нивна поранешна сопственост, а поради предвидениот булевар подоцна не можеле да го приватизираат иако со Законот за експропријација треба да се надомести во проценките нема надомест за таквото земјиште.

Граѓаните бараат или реално обештетување или компензација со станови согласно површината која ја имаат.

Керамидница е населба која е на 1,5 км до центарот на Скопје и реалната пазарна вредност на објектите е помеѓу 700-800 евра за м2 па и до 900-1000 евра за поновите и реновираните куќи велат жителите.

Граѓаните со право реагираат и се исплашени дека ќе останат на улица, со понудените средства не можат да купат ниту плац, а камоли да изградат куќа или пак да купат стан.

Жителите како што велат и во петицијата не се противат на проектот кој е од јавен интерес, но бараат од Шилегов да направи реални проценки или пак да бидат викнати и да се согледаат поединечно нивните факти околу имотот, проценката и земјиштето и заеднички да најдат соодветно решение со градот Скопје.

Тие исто така се исплашени дека ова ќе биде уште едно од лажните ветувања потенцирајки ги намерно ниските проценки за да проектот свесно се стопира од страна на градот Скопје.