среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Скопје

Шилегов со навреда кон граѓаните: Ракија и алкохол многу ретко пијам во животот, тие што не ме сакаат се сиромашни и глупави

Шилегов со навреда кон граѓаните: Ракија и алкохол многу ретко пијам во животот, тие што не ме сакаат се сиромашни и глупави

Вечерва Горан Момироски на Алфа телевизија му поставуваше прашања на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, поставени директно од твитер заедницата.

Позната по својата бруталност, твитер заедницата му постави неколку прашања алудирајќи на чаршиските муабети дека градоначалникот Шилегов е љубител на алкохолот. Тој рече дека против него долго време се води црна кампања дека е љубител на алкохол и дека ракија и алкохол многу ретко пие во животот.

-Кога сте инфериорен интелектуално, материјално, кога сте неуспешен во животот, а гледате некој на телевизија сосема опозитен од вас, тогаш ви е најлесно да кажете „Овој е пијандура“. Најчесто тоа ми го кажуваат луѓе што не ги бива за ништо во животот, изјави Шилегов.