среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 88
home Скопје

Шилегов се уште молчи пред јавноста: Кој ги плати огромните 100.000 евра за настапот на Дино Мерлин?

Шилегов се уште молчи пред јавноста: Кој ги плати огромните 100.000 евра за настапот на Дино Мерлин?

За јавноста се’ уште остана непознато, кој ги плати огромните 100.000 евра за настапот на пејачот Дино Мерлин на плоштадот во Скопје.

Градскиот татко Петре Шилегов, иако се колне во транспарентноста, како најсилна особина на неговата партија, сепак пред јавноста не го дава одговорот кој сите го чекаат.

Кој ја плати прославата за Нова Година е енигма, која ако ја погледнеме подлабоко ни отвора прашања, кои се разбира еднинствено Шилегов и Градот можат да ги одговорат.

Учејќи од претходните примери, го прашуваме Шилегов: Дали компанијата која го плати Мерлин има бизнис интерес од соработката со Градот? Дали вложувањето во таква скапа забава, граѓаните ќе ги чини милиони евра од нивните пари, кои компанијата би требало да ги добие на тендери? Чиј интерес е да не се објави името на спонзорот? Кој е интересот на градот од ваков скап настан?

Го повикуваме градоначалникот да биде транспарентен и да обелодени пред јавноста кој е спонзорот што беше толку моќен да плати 100.000 евра, но во исто време апелираме да се вклучат Јавното обвинителство и Државната Комисија за спречување на корупцијата да ја истражат постапката за сомнителното спонзорство во Град Скопје.