вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 139
home Скопје

Шилегов се справува само со виртуелен снег, со овој од викндов не му оди

Шилегов се справува само со виртуелен снег, со овој од викндов не му оди

Денови врнежите од снег ги покрија патиштата низ целата земја.

Иако се очекуваа врнежи од снег, сепак тоа беше изненадување за власта. Голем број на граѓани не можеа да излезат од своите домови, улиците и автопатиштата се одвиваа со многу потешкотии.

Голем број на граѓани го искажаа и своето незадоволство и на социјалните мрежи, но ниту тоа не допре до надлежните да превземат нешто и да се изнајде некое решение за проблемот.

-Во саботата сабајле на влезот и излезот од Скопје, поточно кај Автокоманда улиците беа полни со снег. Имаше неколку автомобили кои беа излизгани надвор од патот и луѓето бараа помош, ни раскажа лице кое присуствувало на настанот.

Исто така, друго лице ни раскажа дека враќајки се накај Скопје пред патарината Петровец бидејќи не биле исчистени патишта не можеле да ги контролираат своите возила и исто така се нашле надвор од патот.

-Вчера околу 15 часот се враќав накај Скопје. Пред патарината Петровец не кожев да го контролирам возило и се излигав надвор од патот. Се јавува во влечни служни, во АМСМ, пајак служби и други соодветни установи но никој не можеше да дојде да ми помогне затоа што никаде не биле исчистени патиштата и не можело да стасаат. Поради сето ова морам да го оставам својот автомобил таму и да се снајдам некако да си дојдат дома.

Сето ова води до тоа дека на градските власти ни најмлаку не им е важно тоа што голем број на граѓани поради врнежи од снег им се случи сето ова и не можеле да стасаат до своите домови.

ЕУРО 2020

Македонија