петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 132
home Скопје

Шилегов продолжува со дрски навреди: Му порача на Михајло Маневски дека е хоштаплер

Шилегов продолжува со дрски навреди: Му порача на Михајло Маневски дека е хоштаплер

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов продолжува со дрски навреди кон неговите колеги за време нa седниците на Советот на Град Скопје.

Имено, при денешната расправа за изградба на спортска сала во Чаир, на забелешките од опозициските советници дека станува збор за „бонбона бизнис“, односно Град Скопје ќе направи проект  за некој кој веќе ја има добиено концесијата, Шилегов излезе со навреди кон советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Михајло Маневски.

На забелешката на Маневски дека треба да се запази нивото на комуникација и дека проситните таму „не се уличари“, Шилегов му дофрли „ти не си уличар, ти си хoштаплер“.

Шилегов со улични навреди кон советниците на опозицијата, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата, интерпелација за Јанчева

Шилегов со погрдни зборови и тешки навреди до своите вработени

Шилегов не трпи прашања – ги навреди новинарите дека се умоболни

Шилегов ги навреди граѓаните: Сите на кои им се допаѓа „Скопје 2014“ биле ментално болни

Коронавирус