понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 108
home Скопје

„Шилегов призна дека Вардариште го загадува Скопје и ја уништува животната средина“

„Шилегов призна дека Вардариште го загадува Скопје и ја уништува животната средина“

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје порачува дека Шилегов призна дека Вардариште го загадува Скопје и ја уништува животната средина.

„Петре Шилегов денес призна дека Вардариште го загадува Скопје и ја уништува животната средина. Вардариште е депонија направена од град Скопје и со години го труе градот.

Шилегов 3 години ветува решавање на проблемот сп Вардариште, а решение нема.

На Вардариште гори секаков отпад, а тоа го дишат граѓаните.

Од миризбата, и запалената депонија страдаат жителите и на Гази Баба и на Аеродром.

Вардариште е проблем за цело Скопје, особено сега кога Скопје се гуши.

Мерните станици низ Скопје веќе неколку дена по ред покажуваат 2 – 3 пати  загаденост над дозволеното, а ниту една мерка не е преземена.

Шилегов три години преспа. Три години не е направено ништо за животната средина. Од ветениот чист воздух, нови зелени површини и почиста животна средина нема ништо. Време е за одговорност“ – порачаа од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус