понеделник, 27. март 2023. Вести денес: 144
home Скопје

Шилегов после промоција на автобуска станица направи настан за промоција на метални букви

Шилегов после промоција на автобуска станица направи настан за промоција на метални букви

И тоа се случи, градоначалникот на Град Скопје Шилегов после промоција на автобуска станица направи настан за промоција на метални букви. Не е нова улица, не е нов мост, не е нова канализација, водовод. Не е ниту ново училиште, парк. За нов луна парк или пак за булевар да не говориме. Градоначалникот на Скопје направи настан кај Старата Железничка станица на кој што промовираше метални букви, цитат од Јосип Броз Тито, реагираат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на Град Скопје.

-И дотолку не е важно чив е цитатот, но од огромна важност е што Петре Шилегов го поминува 9-тиот месец како градоначалник на Градот Скопје, а нема отпочнато со ниту еден капитален проект, додека започнатите од претходно не се ниту завршени. И во таква летаргичност и неработа, во главниот град ударни настани стануваат не капиталните проекти, туку теми како епската битка со комарците која се одвиваше во повеќе серии и епизоди, отворена автобуска постројка, поскапениот паркинг, или металните букви од “огромна сентиментална”, но не и употребна вредност за скопјани, стои на нивата Фејсбук страна и се додава:

„Шилегов треба да си ги засука ракавите и да се зафати со работа и решавање на проблемите. Наместо новите згради и милионите од нив треба да се започнат да се бројат новите булевари и улици кои ги ветуваше пред изборите, а никаде ги нема. Наместо поскап паркинг за граѓаните треба да се зафати со решавање на сообраќајниот хаос во Центар, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров, наместо со железни букви треба да се зафати со нови водоводи и канализации. На Скопје не му треба евтин и проѕирен популизам, на Скопје му треба градски татко кој ќе решава проблеми“.

loading...