сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Шилегов очекува победа во втор круг

Шилегов очекува победа во втор круг

Вчера имавме успешен демократски ден и празник на демократијата. Им честитам на сите кандидати за резултатот во првиот круг и на граѓаните кои излегоа на гласање. Сакам да се заблагодарам за поддршката на секој граѓанин во првиот изборен круг. Во вториот изборен круг влегуваме изедначено, со овие зборови градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја започна денешната прва прес-конференција во кампањата за вториот круг од локалните избори.

– Скопје мора да продолжи напред и јас силно верувам дека скопјани во вториот круг ќе излезат во многу поголем број и ќе дадат поддршка на политиките што Скопје за 4 години целосно го променија, нагласи градоначалникот Шилегов.

– Реализиравме огромен број проекти во интерес на граѓаните, а решаваме и решивме децениски напластени проблеми во градот. Работевме за сите подеднакво и Скопје конечно стана град на сите граѓани, додаде Шилегов.

– Ги повикувам сите граѓани кои од одредени причини не излегоа на гласање, во вториот круг масовно да излезат да гласаат. Јас сум убеден дека заради ова и заради поголемиот коалициски капацитет, во вториот круг ќе извојуваме голема победа, повика Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

Коронавирус