вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 97
home Скопје

Шилегов најавуваше победа во прв круг, во моментво губи со над ТРИ илјади гласа

Шилегов најавуваше победа во прв круг, во моментво губи со над ТРИ илјади гласа

Актуелниот градски татко, Петре Шилегов пред вчерашното гласање за локалните избори беше убеден дека ќа победи уште во првиот круг, но доколку се погледне моменталната состојба на веб сајтот на ДИК тој губи со над 3.000 гласа од Данела Арсовска.

Тој на еден од партиските митинзи тврдеше дека постојат сериозни проценки дека трката во Скопје може да заврши уште во првиот круг.

-Јас кажав во оваа кампања јас не разговарам со моите противници, јас разговарам со скопјани, за мене скопјани се поважни од било кој кандидат во политиката – рече Шилегов на Сител.

Но според вчерашните резултати кои ги објавија партииите, ситуацијата на Шилегов не му е сјајна. Иако во Град Скопје со сигурност ќе има втор круг, според актуелната ситуација слободно може да се заклучи дека во метрополата може да има промена на власта.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера по полноќ објави дека партијата води со над 15.000 гласови во главниот град, на досегашните пребројани 75 проценти од гласовите Шилегов не само што не води ни приближно толку, предноста на Данела Арсовска се зголемува.

Коронавирус