недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Скопје

„Шилегов на три дена од својот изборен пораз, незаконски распишува тендер“

„Шилегов на три дена од својот изборен пораз, незаконски распишува тендер“

Градоначалникот во заминување, Петре Шилегов го крши изборниот закон, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Изгледа гори под нозе па затоа му се брза да распишува тендери и уште повеќе се закопува. Мисли дека ако со ваков гол популизам ќе се спаси од катастрофален пораз и ќе се претстави дека нешто сработил, тогаш се лаже.

Проектот кој што денес спротивно на закон го тендерира, на само два три дена од изборниот пораз кој ќе го доживее, е критизиран од јавноста.

Народот виде каков неработник е, а веќе се гледа и дека отишол од другата страна на законот.

Со прст не мрда 4 години за градот Скопје и затоа на 31-ви ќе му биде испорачана сметката од граѓаните во форма на изборна казна. А за други казни ќе одлучува ослободеното правосудство многу скоро, стои во партиската реакција.

Коронавирус