среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 38
home Скопје

ШИЛЕГОВ ЌЕ СЕ ТРКА ЗА ВТОР МАНДАТ? Скопјани незадоволни, градскиот татко најави голема победа (ФОТО)

ШИЛЕГОВ ЌЕ СЕ ТРКА ЗА ВТОР МАНДАТ? Скопјани незадоволни, градскиот татко најави голема победа (ФОТО)

Дали градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов повторно ќе се трка за Град Скопје? Ова е прашањето кое се поставува во јавноста по неговата вчерашна објава за голема победа на локалните избори во 2021 година.

Актуелниот градски татко со фото доказ се пофали дека го ажурирал членството во неговата партија и најави победа на локалните избори во октомври оваа година.

-Денеска во просториите на ОО СДСМ Карпош, го ажурирав своето членство во СДСМ.
Одиме во нова голема победа на локалните избори во 2021.
#СДСМ, напиша Шилегов вчера на Фејсбук.

НО, КАКВА ПОБЕДА НАЈАВИ ШИЛЕГОВ?

За тоа дали мисли на негова лична победа, или пак победа на неговата матична партија, се уште не се знае официјално, иако неодамна Шилегов во едно интервју изјави дека на локалните избори планира да се трка за својот втор мандат.

КУРИР за ова побара одговор и од неговиот портпарол Ваљон Салиху, кој кусо одговори: Навистина не знам, ќе ве известиме.

ГРАЃАНИТЕ НЕЗАДОВОЛНИ!

Скопјани незадоволни, веднаш почнаа со негативни коментари на објавата на Шилегов.

-Малку потешко ќе оди победата овој пат за жал… А можеше да биде многу лесно. Тешко дека ќе добиеш втор мандат. Петре пoрaнo дa пишеше „кa*aм“ дoбивaше пo 2К лaјкoви. Сегa сaмo пaртиски пoлтрoнчињa.
Именo, пoлoш грaдoнaчaлник Скoпје немaлo. Нaстрaнa штo кaкo чoвек пoкaжa сaмoбендисaнoст, без емпaтијa и чoвечнoст. Ова се само дел од коментарите за актуелниот градоначалник, за кој е нејасно дали има амбиции за уште еден мандат.

По скандалозните јавни набавки и трошењето на парите на скопјани од страна на Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов кои не запираат, ненеаправениот- а толку ветуван проект за Луна Парк, зиплјанот, спуштена сообраќајница Мавровка, езеро Треска, нерешениот проблем со аерозагадувањето, вработувањето на партиски војници… колкава е веројатноста тој да победи во „трката“ за главниот град?

Според анкета која беше спроведена на почетокот на годинава, преку еден веб порталот, а во која учестуваа 1250 граѓани, седумдесет проценти од граѓаните не беа задоволни од досегашната работа на првиот човек на градот. Од вкупниот број граѓани 875 сметаат дека не се задоволни од досегашната работа на првиот човек на градот, а 375 сметаат дека се задоволни од сработеното.

Петре Шилегов беше избран за градоначалник на локалните избори кои се одржаа во 2017 година. Тој тогаш освои 141.164 гласови со што го победи својот противкандидат Коце Трајановски.

ЕУРО 2020

Македонија