понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 53
home Скопје

Шилегов ќе се „гости“ со апетисани и мед на грбот на скопјани во вредност од над 21.000 евра

Шилегов ќе се „гости“ со апетисани и мед на грбот на скопјани во вредност од над 21.000 евра

Никако не запираат скандалозните јавни набавки и трошењето на парите на скопјани од страна на Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов.

Имено, Град Скопје склучува договор со ДПТУ РЕПТИЛ ДООЕЛ Скопје за набавка на прехрамбени и кодиторски производи во рок од две години во вредност од 1.209.218 денари или 1.320.886 денари со пресметан ДДВ.

Доколку се погледне техничката спецификација што се набавува Град Скопје со сигурност може да се каже дека Град Скопје повеќе наликува на колонијална продавница отколку на локална самоуправа која треба да работи во интерес на скопјани, имајќи дека ќе набавува ни помалку ни повеќе туку фстаци, бадеми лешници, индиски ореви, кикирики, свинска и телешка печеница, виршли и салами, врат колбасици и вакумирани пилешки гради, овчо и кравјо сирење, јогурт, путер, овчи кашкавал и млеко, неколку видови на чаеви како и солено пециво, сет пластични лажици, ножeви и виљушки, пластични чаши, конзервирана риба, ајвар во стаклена амбалажа, бонбоњери, салфетки во боја и чачкалици.

Од млечни производи Град Скопје набавува, стерилизирано кравјо млеко од 1 литар со млечна маслиност од минимум 3.2 проценти, јогурт путер, овчо и кравјо сирење, овчо и кравјо сирење, како и овчи и кравји кашкавал, јајца а од сувомеснати производи ќе набавува свинска и телешка печеница, свински и чаен колбас, вакумирани пилешки гради во вкупна сума од 166.143 денари или над 2.710 евра без ДДВ.

Понатаму, скопскиот градоначалник добро ќе се нагости со парите на скопјани, набавувајќи дури 265 килограми апетисани и тоа фстак со лушпа пакуван во пакувања од минимум 0,1 кг до максимум 0,2 како и пакувања од 0,4 до максимум 0,5 кг, печен солен бадем од во пакувања од минимум 0,1 кг до максимум 0,2 како и пакувања од 0,4 до максимум 0,5 кг, печен солен лешник во пакувања од минимум 0,1 кг до максимум 0,2 како и пакувања од 0,4 до максимум 0,5 кг, кикирики во пакувања од минимум 0,4 до максимум 0,5 кг како и пакувања од минимум 0,9 кг до максимум 1 кг и индиски ореви пакувани од минимум 0,4 кг до максимум 0,5 кг, во вредност од 173.963 денари без ДДВ или околу 3.000 евра.

Она што е симптоматично во целиот договор е што Град Скопје набавува дури и 110 тегли „МАМАС“ ајвар во стаклена амбалажа од минимум 550 и 290 грама во вредност од 28.470 денари без пресметан ДДВ или приближно околу 500 евра. Понатаму, рафиниран шеќер 600 пакувања а ќе се плати 20.940 денари без ДДВ, потоа 600 пакувања на конзерва риба од туна во парчиња, 500 конзерва свински месен доручек, како и 300 конзерви на говедски месен доручек и сето тоа ќе чини 100.360 денари без ДДВ или во евра 1.637.

Од буџетската каса на Град Скопје ќе се издвојат дури 78.860 денари без ДДВ за 1920 пакувања на планински чај, чај од мајчина душица, хибискус, боровинки, јаболко, шумско овошје, праска, шипки и зелен чај.

Шилегов ќе се засладува со чоколадни бонбони кои ќе содржат лешник, бадем, какао, плод од вишна, сок од вишна и алкохол на Краш во вредност од 188.685 денари или над 3.000 евра без ДДВ.

Покрај ова Шилегов ќе набави и 305 килограми зеленчук и овошје во вредност од 19.586 денари пресметано без ДДВ, а овој пат наместо кафе ќе се набавува какао и мед.

Според техничката спецификација на договорот предвидено е да се набават и 1000 кеси за мраз во вредност од 28.700 денари, украсни кеси, алуфолија , ПВЦ фолија за пакување, пластични тањири пластични чаши, вилушки, лажички и ножеви во вредност од 320.802 денари, мало пакување на мед во вредност од 14.000 денари без ДДВ.

На ваквата набавка реагира и Советничката група на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ која преку соопштение обвинува дека додека граѓаните гладуваат и живеат со по две евра на ден, Шилегов се расфрла со парите на скопјани.

Скопјани работат, плаќаат даноци, а Шилегов со тие пари купува печеница. Петре, додека јадеш печеница, нека ти текне на половина милион македонски граѓани кои едвај имаат за леб и млеко. И да, за дупките по скопските улици, кои не стигна да ги закрпиш, стои во соопштението од советничката група на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ.

Не јасно е зошто има потреба од ваква јавна набавка од Град Скопје и Шилегов, а имајќи во предвид дека на тендерот се јавил само еден понудувач се отвора сериозен сомнеж за однапред договорен тендер во четири очи.

Од Град Скопје иако рекоа дека викендот ќе ја анализираат набавката и денеска ќе одговорат за што ќе се користат сите овие производи кои што ќе ги плаќаат скопјани, се уште нема никаков одговор.

ЕУРО 2020

Македонија