Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов планира да ја полни градската администрација со нов план за вработување, поради ова тој бара од Советот на градот да донесе одлука со која ќе даде согласност на планот за вработување во Град Скопје за 2018 година, а како едно од образложенијата за новите вработувања Шилегов го наведува фактот што претходното раководство на чело со Коце Трајановски не вршело вработување повеќе од 3 години.
Со овој чин Шилегов мисли да распише оглас за трајно вработување на административци за потребите на општината. Тој уште при стапувањето на функцијата градоначалник, својот кабинет го наполни со активистите на шарената револуција од типот на Никола Наумовски. Гледајќи од досегашната пракса на Шилегов, очигледно дека ова ќе биде уште една можност за полнење на администрацијата со партиски кадри на СДСМ.
Со овој допис на Шилегов до Советот, паѓаат во вода и досегашните тврдења на СДСМ, кои го обвинуваа Коце Трајановски за партизирање на администрација.
Од овој документ потпишан лично од Шилегов се потврдува дека тезите на СДСМ за полнење на администрацијата паѓаат во вода.
Шилегов сам го потпишал докуметот во кој јасно стои дека во последните 3 години во градската администрација не се вршени нови вработувања.