сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 50
home Скопје

Шилегов ќе го задолжува ЈСП со кредит од нови 10 милиони евра, дали ќе поскапуваат цените на билетите?

Шилегов ќе го задолжува ЈСП со кредит од нови 10 милиони евра, дали ќе поскапуваат цените на билетите?

На Советот на Град Скопје денес се раправаше по предлогот на градоначалникот Шилегов, да се задолжи со нови 10 милиони евра Јавното сообракајно претпријатие (ЈСП) од меѓународни финансиски институции.

Таковото кредитиранје кје биде наменето кон набавка на нови автобуси на гас, наспроти првичните ветувања дека ќе се набавуваат автобуси на електрична енергија.

Шилегов истакна дека се работи за поволен кредит со ниска каматна стапка, и со него ќе се набават  40 автобуси. Ова ќе биде значајно финансиско оптоварување на ЈСП со оглед на тоа дека Шилегов на една од претходниците седници на Советот на Градот Скопје посочи дека Владата ќе ги обезбеди средствата, но Владата очигледно се откажа од таквата намера со што целиот финансиски товар ќе падне на јавното претпријатие.

Со новиот ребаланс  се одземаа сите средства од ставката за оваа намена, кои беа првично наменети во буџетот и сега таа ставка изнесува нула денари.

Советникот Јован Лазаров побара објаснување дали поради ова задолжување ќе поскапат билетите.

-Што е со оние 100 милиони денари што ги симнавте од буџетот на Град Скопје под изговор дека Владата ќе ги обезбеди овие средства? Сега викате дека ЈСП ќе земело кредит, а самото претпријатие нема никаква финансиска кондиција. А дали тоа значи дека ќе поскапи превозот на патниците, со цел ЈСП да ги врати парите за кредитот, истакна советникот од СПМ и коалицијата „За подобра Македонија„.

Тој додаде дека со оваа набавка нема да се успее да се обнови возниот парк, и дека кредитот ќе се враќа и од некоја наредна гратска власт.

Шилегов истакна дека ова е почетокот на новиот концепт на превоз во Градот Скопје. Тој посочи дека немало потреба да се оптоварува буџетот со 100-те милиони денари наменети за купување на нови автобуси, ставка која станала вишок откако излегла можност за нов кредит кој ќе го земе ЈСП.

Владата нема да даде готови пари, но ќе дала гаранција за кредитот да се земе со цел каматната стапка да остане ниска. Градот Скопје, потврди Шилегов, дава субвенции на ЈСП во висина од 560 милиони денари годишно. Не одговори, ако тоа веќе се знае зошто додатно финансиски се оптоварува буџетот на ЈСП.

Шилегов рече дека не било добро што одеднаш се купиле над 300 нови автобуси во ЈСП бидејќи тоа направило шок во работата на системот.

Шилегов не даде одговор дали ќе поскапат цените на билети за патниците.

Коронавирус