сабота, 3. јуни 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Шилегов исчури, неговите од демократската странка во Србија доживеаја дебакл

Шилегов исчури, неговите од демократската странка во Србија доживеаја дебакл

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во предизборите во Србија се приклучи во кампањата на Демократската странка, говорејќи на нивните митинзи.

Слоганот на Демократите од Србија со кој настапија на локалните избори беше “Да го ослободиме Белград”, а на изборната конвенција настапи Петре Шилегов кој беше претставен како градоначалник на ослободено Скопје.

Петре Шилегов кажа дека е убеден во победата на Демократската странка и Драган Шутиновиќ во Белград  и дека го чека на победничко кафе во Скопје.

Но вчерашните резултати на локалните избори покажаа дека кафето се одолжува на неодредено време.

Имено Демократската Странка доживеа дебакл неосвојувајќи го потребниот цензус ниту за советници во советот на градот Белград. Драган Шутановац од Демократската странка освои само 2,2 отсто гласови.

Според прелиминарните резултати на невладините организации ЦЕСИД, ЦРТА и ИПСОС кои ги следеа изборите за Собранието на градот Белград, врз основа на 99 отсто пребројани гласови за 24 изборни листи, изборната листа на Српската напредна странка (СНС) -„Александар Вучиќ-затоа што го сакаме Белград“, освои 44,9 отсто гласови или 63 одборници во градското собрание на Белград кое брои 110 одборници.

И самиот лидер на СНС Александар Вучиќ на прес конференција синоќа прогласи победа на изборите за главниот град на Србија или како што кажа „ова е најдобриот резултат досега што некој го има освоено“. Тој изјави дека граѓаните не секаат ослободен Белград туку Белград кој се гради.

Втори според овие прелиминарни резултати се гласовите за Драган Ѓилас и изборната листа поддржана од Движењето на слободни граѓани (ПСГ) на Саша Јанковиќ, Народната странка (НС) на Вук Јеремиќ и Левицата на Србија на Борко Стефановиќ со освоени 18,8 отсто гласови или 26 мандати.