вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 112
home Скопје

Шилегов и ЈСП во хајка против КУРИР: Искршен автобус ги разоткри нивните лаги -за едни сликата стара 8 месеци, за друг 5 години

Шилегов и ЈСП во хајка против КУРИР: Искршен автобус ги разоткри нивните лаги -за едни сликата стара 8 месеци, за друг 5 години

Нашите читатели веќе се запознаени со лагата која ЈСП им ја пласираше откако КУРИР се залагаше за нивната безбедност. Претпријатието најпрво дрско нè навреди кога им укажавме на неправилност, се’ со цел да избега од одговорноста за грижа за безбедноста на патниците.

КУРИР алармираше со фото-вест дека на скопските улици возат автобуси во очајна состојба.

Бидејќи фотографијата која ја објавивме минатата недела тврдиме и ќе тврдиме дека е направена истиот ден кога и е објавена нашата вест и понудивме нивно стручно лице тоа да го истражи, од ЈСП останаа без зборови, па молчат и веќе не знаат со која лажна информација да излезат пред јавноста.

Тие посочија дека фотографијата е стара 8 месеци и дека автобусот бил демолиран од полските навивачи кои беа во Македонија во јуни. Ние со факти ги демантиравме тие нивни лаги.

Да не се повторуваме, нашите одговори до ЈСП можете да ги прочитате во продолжение:

ДРСКОСТА НА ЈСП: Ја загрозија безбедноста на граѓаните, па сега се закануваат и ЛАЖАТ

Нè нападнаа, па молчат: Нови докази дека ЈСП лаже и наместо со безбедноста на патниците се занимава со притисок врз медиуми!

И кога мислевме дека ЈСП го постигна својот максимум, градоначалникот Петре Шилегов, очигледно несвесен за кашата во која самите ЈСП се ставија, продолжи со неаргументираната хајка против КУРИР?!

Замислете, тој тврди дека лажеме, но и дека ЈСП лаже?! А тој како градоначалник на Скопје е претпоставен на тоа претпријатие. ЈСП толку се намачија да објаснат дека сликата е од автобус демолиран од полските навивачи, на која дата конкретно, каде и кој се превезувал во него, кога точно е сликано… И оп, градоначалникот им ја сруши илузијата дека смислиле совршена лага.

Петре Шилегов во малтене безобразниот пост, недоличен за еден „градски татко“,  тврди дека фотографијата која КУРИР ја објави е стара, верувале или не, цели 5 години.

Господине Шилегов, како што тоа го направивме со ЈСП, еве, ви се обраќаме и вам.

Кога сакате и каде сакате, можете да го добиете телефонскиот апарат од кој е направена таа фотографија што многу ве заинтригира бидејќи е слика и прилика на возниот парк на ЈСП.

Најдете ваш експерт, стручно лице, мастер за мобилни… Кого сакате. Нека провери кога е направена фотографијата. И за вас истото прашање: Кога ќе се утврди дека лажете, дали ќе им се извините на скопјани? Нам не треба!

Вашите чувства кон КУРИР се јасни, за жал и Вашето неаргументирано и дневно-политичко безобразие во кое на најчитаниот интернет портал во државата му се обраќате со толку низок вокабулар и и простотилук,  а тоа најдобро се гледа и во вашиот Фејсбук статус, каде и “пријателите“ на социјалната мрежа ви кажуваат колку е лош јавниот превоз.

Друг пат, како совет, проверете ги фактите, па потоа напаѓајте и Ве молиме, вниматено со зборовите како „глупост“ и слични квалификаци, кои понекогаш најдобро го опишуваат ликот и делото на оној кој ги користи.

Од друга страна, добро разбираме зошто ЈСП и Шилегов се обраќаат така недолично кон нас и што им пречи. Тоа е фактот што стотици илјади граѓани токму на КУРИР читаат за скандалите и проблемите во нивното работење. Но тоа е најмалку важно!

Вие сте должни да работите за граѓаните. Градоначалникот зема висока плата од џебот на скопјани,  а истовремено треба и да се грижи за безбедноста на граѓаните. Испокршените автобуси кои се ризик за нивната безбедност се задача на вашите директори, укажувањата на медиумите треба да служат за исправање на таквите аномалии, а не за да се подигрувате и терате кооперациски мајтап со медиумите. Така е барем во развиените демократии кон кои толку и очигледно само декларативно се стремите.

Дали затоа, иако треба да се критикува себеси, некој критикува медиуми?

За Ваша жал, ова е медиум кој нема да потпадне и да се уплаши од навредите и притисоците на почитуваниот „градски татко“ Шилегов и ЈСП, па ниту на нивната (од ЈСП) закана за тужба. Вистината е на наша страна, а фактите го потврдуваат тоа. Пред нив дури и боговоте молчат, а вие ги користите за неаргументиран сеир кој воопшто не ви доликува на улогата на т.н. „градски татко“.

Извинете им се на граѓаните! Еден обичен автобус со скршена врата ве сврте еден против друг. Еден автобус ве натера помалку панично да смислите како да изманипулирате со граѓаните. Друг пат, Ве молиме барем да се кординирате со Вашите директори во хајката против медиумите.

Со почит, КУРИР.