недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Шилегов: И годинава снегот нема да нè изненади

Шилегов: И годинава снегот нема да нè изненади

Градот Скопје и годинава, како и во изминатите четири години е подготвен за претстојната зима и зимското одржување на улиците за коишто е надлежен, а снегот и оваа година нема да ја изненади зимската служба, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

-Градот Скопје и јавните градски претпријатија за претстојната зимска сезона 2020/2021 обезбедија околу 4000 тони индустриска сол, од кои околу 1000 тони се залиха од зимската служба 2019/2020. Обезбедени се и 350 тони ладна асфалтна маса за санација на оштетените сообраќајни површини. Екипите на Град Скопје во зимски услови одржуваат коловозни површини од над 2.600.000 квадратни метри, рече тој.

Коронавирус