вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 163
home Скопје

Шилегов гребе асфалт и го закочи Скопје, што ќе беше да му текне да прави нов булевар?

Шилегов гребе асфалт и го закочи Скопје, што ќе беше да му текне да прави нов булевар?

На влезот од Скопје од Автокоманда, утрово беше тотален хаос. Гужви и колони возила на нервозни граѓани кои што веќе доцнат на своите работни места.

Сведоци за КУРИР велат дека утрово сообраќајот таму бил закрчен, а истото се случувало и вчера вечерта каде се чекало и до половина час за да се излезе од сообраќајниот хаос. Причина за гужвите и сообраќајниот хаос се поради изведување на градежните работи за реконструкција на булеварот „Александар Македонски“, на кој од трите ленти функционира само една.

За овие активности градот само за три дена додели тендери во вредност од 3 ипол милиони евра за реконструкција на булеварот и улицата „Македонско Косовска Бригада“. Реконструкцијата се состои во смена на асфалтот, зафат кој што можеше да се изврши во текот на летниот период, кога градот беше речиси празен со што ќе се избегнеше создавањето гужви и нервози кај граѓаните. Од месец март, кога почна пандемијата со коронавирусот во Македонија до сега, почеток на септември, главниот град беше речиси празен при што тој беше идеален период, не само за реконструкција туку и за изградба на нови булевари.

Но, Шилегов како да чекаше се да се врати во функција од градинки, училишта, факултети, да гребе асвалт и со тоа да создаде дополнителен хаос низ скопските улици. Од Град Скопје вчера апелираа возачите да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред сè поради реконструкција на булеварот „Александар Македонски“. Граѓаните нервозни со реакции на социјалните мрежи велат 6 месеци кола немаше по улица, сега ли најде Шилегов да блокира главен влез во Скопје. За едноставно гребење асвалт толкава гужва и фама, замислете што ќе беше ако на Шилегов му текнеше нов булевар да гради.

Коронавирус