сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Скопје

Шилегов фрли околу 300.000 евра за Винтерланд, а граѓаните се уште чекаат мерки против загадениот воздух

Шилегов фрли околу 300.000 евра за Винтерланд, а граѓаните се уште чекаат мерки против загадениот воздух

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, вечерва даде изјава за „Само Вистина“, пред да се вклучи новогодишната елка и ги повика граѓаните да излезат и да ја почувствуваат новогодишната атмосфера.

Додека Шилегов се расфрла со народните пари за мегаломантски проект кој се нарекува „Винтерланд“ , граѓаните се гушат во загаден воздух.

Граѓаните секојдневно молат Шилегов да донесе некои превентивни мерки кои ќе им помогнат со справување на загаденоста, поради која не можат да излезат надвор. А, тој фрли околу 300.000 евра народни пари за спетакли.

Болниците секојдневно се полнат со пациенти кои имаат респираторни заболувања, а градскиот татко отворањето на неговиот мега проект го остварува со огномет и спетакли кои исто така допринесуваат за зголемување на загаденоста на воздухот.

Вака граѓаните нема да ја почувствуваат новогодишната атмосфера, бидејќи ќе останат дома затворени во своите домови.

Коронавирус