среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 114
home Скопје

Шилегов бара начин да ја затскрие неспособноста со изговори дека вегетацијата е виновна за комарците

Шилегов бара начин да ја затскрие неспособноста со изговори дека вегетацијата е виновна за комарците

До 1-ви август ние секојдневно имавме врнежи. Зголемените врнежи даваат поголема вегетација, позелена вегетација, повлажна вегетација, тоа по дефиниција ви е мека за комарците. Градот прскаше во исто време годинава како што е години наназад со средства со кои исто така се прскало години наназад. Се создадоа природни услови и имавме криза само неколку дена, кои предизвикаа револт кај граѓаните, изјави Шилегов при гостување во емисија на МРТ1.

Но, да потсетиме дека според одредени информации запрашувањето против комарци се вршело со 2 авиони кои носат по 600 литри средство за прскање, и поради малиот капацитет мора да се полнат барем по 3 пати за тие 2 часа колку и што мора да трае прскањето. Затоа мора да летаат брзо, а кога тоа го прават мора да летаат и повисоко за да не се судрат во некој од објектите.

Токму тоа оневозможува да има било каков ефект прскањето против комарците, бидејќи упатените во оваа проблематика говорат дека кога авионите летаат високо средството против комарци испуштено од поголема висина нема никаков или многу мал ефект. Дополнително, ваквата грешка овозможи ларвите од комарци да се развијат и сега кога веќе тие се веќе размножени многу малку може да се направи.

И да потсетиме дека Шилегов наместо да обезбедеше прскање против комарци во март-април тој обезбеди прскање во средина на јули месец.

Граѓаните кои се најзасегнати, велат дека, за жал градот Скопје доби градски татко кој само знае да смислува изговори за својата неработа.