сабота, 15. август 2020. Вести денес: 16
home Скопје

Сезонските работници му се пожалија на Шилегов дека ни платата од 9.000 не ја земаат, тој го прегрна Висар Ганиу (ВИДЕО)

Сезонските работници му се пожалија на Шилегов дека ни платата од 9.000 не ја земаат, тој го прегрна Висар Ганиу (ВИДЕО)

Сезонските работници му се пожалија на градоначалникот на Град Скопје, петре Шилегов дека земаат плата од 9.000 денари, а и таа им доцни три месеци.

Тој низ насмевка им рече „На лошо место работите“ и за да ги утеши им најави дека од после Нова година платата ќе им биде 14.000. Кога дојде градоначалникот на Чаир, Шилегов го прегрна и му посочи да им дава плата.

Сторијата за ова случување ја пренесува ТВ21

„9 илјади денари плата. 3 месеци плата не ни дадовте, Шилегов. 3 месеци плата не ни дадовте. 3 месеци плата не ни дадовте“, вели еден од работниците.

По кратко време пристигна и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Ганиу вели дека немало доцнење на платите и дека се исплатувале навреме, додавајќи дека минималната плата е одредена со претходниот буџет.

„Платата за сезонските работници е 9 илјади денари. Таа е одредена со претходниот буџет со предвидената програма. За наредниот буџет во тек е подготовката и ќе има покачување на платите“, вели Висар Ганиу – градоначалник на О. Чаир.

Во паркот меѓу улицата „Македонска Бригада“ и „Ферид Мурат“,  е направено  и детско катче. Имаше и незадоволни граѓани, кои ги потсетија градоначалниците дека се ближат изборите.

„Ве видот дека дојдовте, и затоа дојдов да ве потсетам дека се наближуваат изборите“, вели еден од жителите.

ИЗВОР: ТВ 21

Коронавирус