недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Скопје

Се реконструираат 10 краци на водоводната мрежа во Долно Лисиче

Се реконструираат 10 краци на водоводната мрежа во Долно Лисиче

Европската Унија има обезбедено 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура во државата, на барање на Владата на РМ. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка.

Општина Аеродром ја почна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „1“, од крак 1 до крак 10 во Долно Лисиче, со помош на средства обезбедени од ЕУ ИПА инвестицискиот фонд.

Вкупниот износ на проектот, кој се планира да заврши до крајот на септември, изнесува околу 126 илјади евра и истиот ќе биде 25 отсто кофинансиран од страна на државата. Сите трошоци над предвидениот буџет ќе бидат покриени од Општина Аеродром.

Ова е еден од врвните приоритети на локалната самоуправа за развивање на регионот и важен чекор за целосно решавање на проблемот со водоснабдувањето во овој дел од општината. Грантот се очекува во голема мера да придонесе за подобрување на квалитетот на живот во Долно Лисиче.

Постојната водоводна мрежа во овој дел од Општината била проектирана за 200 домаќинства, а е изведена според проект направен во 1977 година. Денес во Долно Лисиче живеат повеќе од 1.200 домаќинства со 3.500 жители. Постоечката мрежа е дотраена и не ги задоволува потребите на населението, поради што често се јавува недостиг од вода, особено во летниот период.

Коронавирус