четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Скопје

Се коси и уредува зеленилото на кејот на реката Вардар

Се коси и уредува зеленилото на кејот на реката Вардар

Екипите на ЈП Паркови и зеленило деновиве интензивно работат на одржување и уредување на јавните зелени површини низ градот, односно се врши косење на зеленилото низ сите скопски општини и на кејот на реката Вардар.

Изминатиов период од двете страни на кејот на реката Вардар е искосено зеленилото од мостот Близнак кон Ново Лисиче во општина Аеродром, а во тек е и косењето на зеленилото кај делот под Кале. Екипите деновиве, вршат и повторно косење во делот на кејот кај Градскиот парк, информираат од претпријатието.

Во текот на оваа недела, од двете страни на кејот се коси зеленилото од горниот дел на кејот во заедничка координација со екипи од ЈП „Улици и патишта“ од мостот во Хром кон делот кај Карпош 4 и Карпош 3 до хотелот Александар Палас.

Активностите на уредување и косење на зеленилото ќе продолжат и во текот на наредниот период низ сите скопски општини.

Коронавирус