четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Скопје

​Се чисти коритото на Мала Рада во должина од 3.5 километри

​Се чисти коритото на Мала Рада во должина од 3.5  километри

Продолжуваат активностите на Општина Кисела Вода за расчистување на дивите депонии и создавање на здрава средина за сите жители од овој дел на градот. Деновиве интензивно се работи на чистење на коритото на реката Мала Рада. Со механизација се работи на потегот од препумпната станица во Потстаница до селото Драчево. Се собира несовесно исфрлениот шут, но и нараснатата тревна вегетација. Камионите се товарат со отпад кој се носи на депонијата Дрисла. Со оглед на должината на трасата од околу 3.5 километри, чистењето ќе се одвива во текот на целиот месец.
Чистењето на депониите ќе продолжи и во наредниот период. Наскоро ваква акција ќе има и за Усјанскиот канал, од страна на Град Скопје во координација со општинските служби.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните за совесно однесување и за депонирање на отпадот само на места предвидени за таа намена. Активностите на локалната самоуправа за чистење на овие црни еколошки точки ќе продолжат со засилена динамика, но непходна е поддршката и соработката од граѓаните, за заедничко создавање на модерна, чиста и зелена средина за живеење.

Коронавирус